Инсталација на Најпочитуваниот Голем Мајстор на Големата Ложа на Македонија (2026–2029)

Скопје, 8 ноември 2026 година — Во совршена хармонија и братска љубов, во соодветно уредени простории на Хотелот „Александар Палас“ во Скопје, се одржа свечена Инсталација на реизбраниот Голем Мајстор на Големата Ложа на Македонија.

На овој собор, за новиот тригодишен мандатен период (2026–2029) свечено беше инсталиран Најпочитуваниот Брат Марјан Герасимов.

Во присуство на бројни браќа од сите степени на Кралската Уметност, работата започна со формално и ритуално отворање на Големата Ложа во Храм соодветно уреден за оваа прилика.

По свечената процесија на Големите Официри, се пристапи кон Централниот Акт — Инсталацијата на Најпочитуваниот Голем Мајстор, кој по преземањето на раководењето ги назначи новите Големи Офицери на Големата Ложа на Македонија, доверувајќи им ја грижата за сочувување, негување и унапредување на слободноѕидарската традиција во следните три години.

Во своето прво обраќање, Најпочитуваниот Брат Марјан Герасимов, се заблагодари за укажаната висока доверба и ја истакна посветеноста кон понатамошното зајакнување на братскиот синџир, моралното усовршување на поединецот, хуманитарните дејности и одржувањето на континуитетот и меѓународниот углед што Големата Ложа на Македонија го ужива во светското Регуларно Слободно Ѕидарство.

По затворањето на Големата Ложа во совршен ред и мир, свеченоста продолжи со традиционална вечера, каде беа упатени соодветни здравици за напредок на слободноѕидарските идеи, братската љубов и милосрдието.