previous arrow
next arrow
Slider
previous arrow
next arrow
Slider

Патување на животот

Масонскиот живот и искуство е како патување: од церемонијата на Иницијација – влегувањето како ученик, преку преминувањето во степен на Помошник, па со постепеното откривање на тајните и мистериите на Масонеријата, се’ до воздигнувањето до Мајсторскиот степен (етапи кои се одбележани со посебни пригодни церемонии), добриот човек на добар глас (како што Масонеријата го нарекува кандидатот) преку постојано работење на себе, соработката со Браќата и посветеноста на хуманите науки и уметности, се “бруси” себе си (како што старите мајстори го бруселе грубиот камен за да го доведат во совршено мазна состојба). Тоа патување на животот е пропратено со откривање на безброј “занаетски тајни”, преку кои добриот човек ќе стане уште подобар, или како што вели Масонеријата – вистински Орнамент на општеството во кое живее.

Кој може да стане Масон?

Секој маж на зрела возраст од најмалку 21 година, како човек на добар глас и со добра и вредна препорака, може да се придружи на Масонеријата, без оглед на етничката или религиската припадност, политичките ставови, економската положба, а од него се очекува да има верба во Големата Сила на Универзумот.