За ГЛМ

Водени од ентузијазмот на вербата во длабоките човечки вредности, основањето на Голема Ложа на Македонија беше визија на неколкумина луѓе, патување кое започна набргу по независноста на Македонија, на 30-ти Септември 2005 година, за прв пат во историјата на Република Македонија, беше основана самостојна, суверена и регуларна Голема Ложа на Македонија во посебна основачка церемонија водена од Про-Големиот Мајстор на Обединетата Голема Ложа на Англија, Маркизот од Нордхемптон. Големата Ложа на Македонија е дел од меѓународното Братство на регуларни, самостојни и независни Слободноѕидарски здруженија. “Регуларноста” е значаен поим во Слободното Ѕидарство и означува историски суштинска дистинкција која упатува на конзистентноста во следењето на принципите на традиционалната Масонериј, изведена од фундаменталните конститутивни диспозиции на Правилата од 1723 год. (особено секуларниот, не-политички и не-религиозен карактер), како и меѓусебното признавање на Големите регуларни Ложи во светот. Големата Ложа на Македонија, покрај нејзината консекрација од страна на Обединетата Големата Ложа на Англија, својата регуларност ја реафирмира и со соодветно признавање од страна на Регуларните Големи Ложи во светот.