Често Поставувани Прашања
Одговори на најчесто поставуваните прашања
Слободното Зидарство е исклучиво секуларна асоцијација на чии средби и состаноци религиозните и политички расправи се строго забранети.
Единствениот однос на Слободното Ѕидарство со религијата е поттикот на Вербата во еден Духовен етичко-морален Принцип на вредности, но како неприкосновено право на секој член во начинот на нејзиното доживување и изразување.
Пријателството засновано на ‘Братски’ принципи меѓу Слободните Ѕидари не подразбира непринципиелен повластен статус во односот со другите луѓе, напротив, тоа се коси со фундаменталните морални принципи на кои е заснована смислата на Слободното Ѕидарство.
Секое искрено и вистинско пријателство се темели на доверба, а нејзиното почитување е предмет на ‘свечена обврска’, во која ‘заклетвата за тајност’ е само превземање на старата традиционална алузија на моралниот став дека довербата никогаш нема да биде изневерена, алегорија која, всушност, го подржува правото на секој човек самостојно да одлучува во завземањето и искажувањето на своите ставови и убедувања, идеја која уште од Првата Конституција на Слободното Зидарство е суштински дел од неговата основна: искрено и вистинско пријателство засновано исклучиво на универзалните морални вредности, без разлика на религиозните, политички, филозофски и, воопшто, културни ставови, убедувања и уверувања, облагородено со едно, Кантовски протолкувано, тивко служење на заедницата.