Историјат

Историја

Не постојат црвсти и недвосмислени историски податоци кои можат со сигурност да одговорат на прашањата, една од главните причини за големиот број интерпретации и шпекулации за неговото вистинско значење и смисла. Иако историско-филозофската перспектива на Слободното Sидарство може да ги досегне хуманистичките идеи уште на доцниот византиски, односно, ренесансниот неоплатонизам, веројатно e прерано да се зборува за Слободно Sидарство пред XVII век, кога, всушност, и ги среќаваме најраните историски податоци за неговото организирано постоење, како што е, на пример, дневникот на англискиот научник и антиквар, Илајас Ешмол, забележувајки го својот прием во Братството во 1646. Сепак, најважен историски настан за Слободното Sидарство е неговата трансформација во јавна и организирана асоцијација, имено формирањето на Првата Големата Ложа во светот, во Лондон, на 24 Јуни, 1717 год., денес како Обединета Голема Ложа на Англија, како и објавувањето на првите Правила на Слободното Ѕидарство во 1723 год., познати и како Конституциите на Андерсон , за прв пат, јавно промовираjки ја основната идеја на Слободното Ѕидарство – искрено и вистинско пријателство, засновано на универзалните морални вредности, меѓу луѓе кои поради различните религиозни, политички, филозофски и, воопшто, културни ставови, убедувања и уверувања, би можеле да останат на “вечна дистанца”. Од 1717 па наваму бележиме формирање на Големи Ложи низ целиот свет, а денес, бројот од околу 6.000.000 членови од сите сфери и слоеви на општеството, без разлика на нивната раса, религија, или социо-економска положба, само по себе зборува за значењето и важноста на овој, сеуште актуелен и, може да се рече, незавршен проект на човештвото.

Ритуали, симболи, регалиии

Слободнозидарските Ритуали претставуваат не-литургиски, секуларни, драматуршко структурирани иницијациско-прогресивни церемонии низ кои моралните и социо-етички принципи, на кои е положена смислата на Слободното Sидарство, се ‘доживуваат’ на посебен начин, едно спиритуално патување низ симболи и алегории кон длабоките вредности на човечката егзистенција, во симболографија позајмена од некогашните каменоресци и старите градителски гилди како алузија на изградбата на човечкиот живот врз основа на објективни и разумни критериуми, како и добро одмерени вредности, разбивајќи го привидот на идеолошки, филозофско-религиозни и научни предрасуди и догми, не дозволувајќи тие да создадат непремостливи разлики меѓу луѓето, во универзалната потрага по подобар и посреќен живот на кое сите луѓе имаат подеднакво право, градејки вредносни критериуми кои значат еден ‘исправен’ став кон животот, втемелен на највисоките и универзални морални норми и совеста како фундаментален критериум на себеиспитување. Принципи кои ги исцртуваат границите на нашето делување и нашата слобода, вредности кои како во конструкцијата на смислата на човечкиот живот го создаваат оној ‘свет’ простор на егзистенцијална трансцеденција од хаос во космос. И токму Регалиите ја отсликуваат ‘усогласеноста’ на внатрешната со надворешната состојба на Слободниот Ѕидар во ритуалното чекорење по симболичката социо-етичка патека која во Слободното Ѕидарство се ‘изодува’ низ напредувачки степени и доделени должности.