ГЛМ на Инсталацијата на новиот Голем Мајстор на ГНЛФ
На 14 декември 2024 година, во величествен и свечен дух, во Париз, Република Франција, се одржа инсталацијата на новиот Голем Мајстор на Големата Национална Ложа на Франција (GNLF).
На овој значаен масонски настан, кој го собра вниманието и почитта на бројни братски делегации од светот, Големата Ложа на Македонија беше гордо претставувана од својот Голем Мајстор, НП Брат Марјан Герасимов.
Со своето присуство, ГЛМ уште еднаш ја потврди својата посветеност кон братската поврзаност и зацврстување на меѓународните масонски односи. Како носител на Светлина и вредности, нашата Ложа останува активен чинител во ширењето на идеалите на Слободното Ѕидарство, не само во Македонија, туку и на глобално ниво.
Браќата од Македонија се препознаени како посветени и вредни Ѕидари, кои со искреност, достоинство и упорност ги прокламираат универзалните масонски вредности – братство, слобода, морал и духовна совршеност. Благодарение на тоа, Големата Ложа на Македонија ужива висока почит меѓу меѓународните големи ложи и е постојано присутна таму каде што се слави масонскиот труд и единство.
Во продолжение Ви пренесуваме неколку фотографии од овој свечен настан.