Архитектурата – Инструмент и метафора на слободното ѕидарство
На 16 април 2025 година, Истражувачката Ложа „Quatuor Coronati“ успешно го организираше својот редовен Студиски ден.
Темата на настанот, „Архитектурата — Инструмент и Метафора на Слободното Ѕидарство“, беше разработена од страна на Бр. М.Р., кој преку сеопфатно истражување понуди увид во суштинското значење на архитектурата за масонската традиција, осветлувајќи ја нераскинливата врска меѓу древната уметност на градењето и духовната патека на современите слободни ѕидари.
Излагањето опфати историски и современи аспекти, разгледувајќи ја еволуцијата на архитектонските форми низ различни европски култури и нивната симболичка примена во слободното ѕидарство.
На овој начин, Ложата уште еднаш ја потврди својата заложба за истражување, едукација и зачувување на масонските вредности.
Настанот заврши во дух на братство и инспирација, нагласувајќи ја мисијата на Ложата за продлабочување на знаењето и промовирање на масонските идеали.