Жална вест

Оваа церемонија го подготвува кандидатот, со длабока размисла, за завршниот миг на постоењето.
Природа, науката, размислата, го спровеле кандидатот по заумните јазли на овој смртен живот,и конечно го подучуваат – како да умре.
Му се вели:
„Таква е, Брате мој, целта на Третиот Степен во Слободното Ѕидарство. Те повикува да размислиш за оваа страшна тема, и те учи да осознаеш дека, за праведниот и доблесен човек, смртта не е толку страшна, колку лузната од лага и нечесност.”
Во последниот месец, нашето братство го напуштија двајца истакнати членови поради заминување во Вечната Ложа на Небото каде Големиот Архитект на Универзумот, живее и владее во вечноста.
М.П. Брат Н.П.e еден од основоположниците на масонеријата во Македонија. Член e на Лондонскиот клуб, инициран во Лондон во 1998 година. Беше долгогодишен Голем Секретар и Заменик Голем Мајстор, еден од владетелите на занаетот, и М.П. Брат Г.Џ. кој е претходен Голем Беседник и уредник на првата Збирка на беседи на Македонски јазик.
Во нивна чест, Големата Ложа на Македонија, одржа Комеморативна седница со „Ритуалот на последен поздрав“.
На вдовиците им беа врачени: Книги на жалост, Декларација за почит, како и бела престилка од јагнешка кожа, како симбол на невиност.
