QUATUOR CORONATI – ИСТРАЖУВАЊЕТО НЕ ЗАПИРА

Во текот на месеците кога ковид-пандемијата ги имаше парализирано речиси сите општествени, деловни и други активности во светот, Браќата од Истражувачката Ложа “Quatuor Coronati” одржаа повеќе онлајн состаноци со Браќата – членови на QC од Балканските земји, плус претсвници на QC од Унгарија и Бразил. Нивните редовни состаноци редовно беа успешни, содржајни и исполнети со длабоки филозофски, социолошки, психолошки и т.н. дискусии, размисли, истражувања, разработка на историски настани од масонската и генерално – човековата историја, кои во голема мерка придонесуваа за длабочината, вредноста и континуираниот развој и углед на Масонеријата во Македонија.