ПРОДОЛЖУВАЊЕ И ИНТЕНЗИВИРАЊЕ НА ХУМАНИТАРНИТЕ АКТИВНОСТИ
Не изостанаа и општествените активности, односно она што е една од најсветите работи во нашето делување – хуманитарната активност.
На самиот крај на декември 2020г. во Петриња – Глина во Хрватска се случи катастрофален земјотрес, при што голем број луѓе останаа без кров над глава и се’ што стекнале во животот. Браќата од сите Ложи под јурисдикција на ГЛМ организираа хуманитана акција, се собраа средства и се изврши донација за настраданите од земјотресот во вид на монтажни куќи. ГЛМ доби особена благодарност за оваа акција од страна на Големата Ложа на Хрватска.
Еден интересен историски факт кој е поврзан со овој регион: Првата Масонска Ложа на Балканот е формирана во Глина во 1764г., под името “Military Frontier” (Croatian: Ratno prijateljstvo, French: L’amitié de guerre, German: Zur Kriegsfreundschaft), а прв Голем Мајстор бил Грофот Иван Драшковиќ.

Исто така, во екот на пандемијата, ГЛМ беше еден од првите и најголемите донатори на Државниот Клинички Центар “Мајка Тереза”, каде за сите клиники се донираа визири и маски и фрижидер за Клиниката за инфектологија.

Во моментот ГЛМ спроведува една од најголемите добротворни активности – изработен е комплетен план и се прибираат средства за целосна реконструкција на една клиничка болница во еден од поголемите градови во Македонија. Активноста е голема, комплицирана и сеопфатна и сите Браќа во рамките на своите можности работат на нејзиното целосно завршување.