ПОСЕТА НА БУГАРИЈА – ПРИЗНАНИЕ И ПЛАКЕТА ЗА ГЛМ

Во јуни 2021г. НПГМ на ГЛМ ја посети и Обединетата Голема Ложа на Бугарија, каде што се изврши церемонија на инсталација на Најпочитуваниот Голем Мајстор на ОГЛБ. Во склоп на целиот настан, се одржаа две интересни церменонии – ритуалот т.н. “Татковци и синови”, кој има за цел да ги подучува децата за вистинските вредности во општеството, за улогата на семејството и слични теми, кои имаат за цел децата да израснат во вистински, чесни, посветени и добри личности.

Втората церемонија која се одвиваше на овој собир во Бугарија, е консекрацијата на “Жак Де Моле” (https://demolay.org/ – меѓународна организација формирана во 1919 година во САД од страна на Frank S. Land. “Жак де Моле” промовира 7 вредности, кои се многу слични на масонските. Консекрација ја водеа претставници на “De Molay International” од Италија.