ВЕЛИЧЕСТВЕНА ПРОСЛАВА НА СВ. ЈОВАН И ГОЛЕМИ ПОЧЕСТИ ОД UGLE

Со величествен собир на голем број Браќа и Сестри, на отворено и со почитување на сите пропишани мерки за ковид – безбедност, во Јуни се одржа чествувањето на Св. Јован. На настанот беа промовирани Химните при затворање и отворање, кои за прв пат во историјата на македонската Масонерија беа преведени, испеани и професионално снимени на Македонски јазик.

На собирот за Св. Јован, беше емитувана и видео пораката од Про Гранд Мастерот на UGLE, Peter Lowndes (https://www.ugle.org.uk/about-us/ugle-governance), кој ги пренесе поздравите од Англија и се обрати до сите Браќа од ГЛМ со најголема почит, со што и направи голема и извонредна чест на ГЛМ.
Со оглед на фактот, што консекрацијата на Големата Ложа на Македонија е извршена директно од страна на United Grad Londge of England – UGLE (https://www.ugle.org.uk/), што претставува извонредна реткост и особена почест во историјата на масонството, топлите и братски зборови и поздрави за ГЛМ изречени од страна на Про Гранд Мастерот на UGLE, претставува високо признание за Основачите на Масонеријата во Македонија, за “Лондонската Група”, за сите претходни Големи Мајстори, Големи Офицери, Старешините и Офицерите на Ложите и за сите Браќа воопшто, како и голема чест за Македонија.