Донација на Големата Ложа на Македонија за Универзитетската клиника за пластична и реконструктивна хирургија


Во духот на нашето постојано залагање за добротворност и подобрување на заедницата, Големата Ложа на Македонија (ГЛМ) успешно ја заврши својата најнова хуманитарна иницијатива, насочена кон Универзитетската клиника за пластична и реконструктивна хирургија. Оваа донација, во вкупна вредност од 25.000 евра, е реализирана со цел да се изградат и поодбрат условите за третман на пациентите. Со овие средства, целосно се реконструирани сместувачките капацитети на Клиниката. Со ова пациентите добиваат значително унапредени услови за третман, а истовремено, значајно е подобрена функционалноста на просторот, што директно влијае на квалитетот на грижата и работата на медицинскиот персонал. Донацијата, која го одразува нашиот завет за помош и поддршка, обезбеди и нова, неопходна медицинска опрема, која опфаќа антидекубитални душеци, медицински лопатки, сталаци за инфузија и други витални апарати за нега. Овој потфат ја потврдува нашата мисија да го поддржуваме општеството, градејќи ја хуманоста како наш највисок идеал. Уверени сме дека овие подобрувања ќе послужат за доброто на сите кои имаат потреба од третман и ќе претставуваат симбол на грижата што ја негува Големата Ложа на Македонија.

Масонството постои за да го направи добриот човек уште подобар и да му служи на човештвото.

Во прилог слики од настанот.